Макфудбал во Вадуц,
Фудбалската репрезентација на Македонија го победи Лихтенштајн (0-3) на отворањето на квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
„Разочаран сум од Лихтенштајн бидејќи игравме на ненаводнет и сув терен. Тоа ни правеше многу проблеми во првото полувреме. Тие не сакаа да играат фудбал, а тоа е многу жално. Ние дојдовме со една цел, трите бода. Навидум победата изгледа рутинска, ама навистина беше тешко да се одигра натпреварот. Бевме многу сконцентрирани и агресивни, рано дадовме прв гол и вториот падна во вистински момент. Се одеше во наша полза потоа. Ова се одлични три бода и старт на квалификациите, изјави Бојан Миовски по натпреварот.
За нашиот национален тим ова беше единаесетти триумф во 12-тото соочување со аутсајдерот, а трите бода го радуваат Бојан Миовски, кој ги сподели импресиите од одиграното и прикажаното во Вадуц.
Македонија ги продолжува квалификациите за три дена, кога на домашен терен во циклусот за СП 2026 игра на домашен терен против Велс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













