Connect with us

Миовски двоен стрелец во победата на Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, продолжува со одличните изданија во дресот на Абердин. Тој денеска постигна два гола во дуелот со Килмарнок.

Миовски првиот гол го постигна во 25. минута од пенал, а потоа пред паузата одлично се снајде пред противничкиот гол и го зголеми водството на неговиот тим. Теренот го напушти во 66. минута од средбата која заврши со победа на Абердин од 4-1.

За Миовски ова е седми гол во шкотското првенство со што е на делба на вторто место на листата на стрелци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови