Connect with us

Миодраг Божовиќ ќе биде нов тренер на Вардар?

Црногорскиот стратег Миодраг Божовиќ – Гроф, би можел да биде новиот тренер на актуелниот македонски првак Вардар. Како што дознава „Макфудбал“, преговорите се во тек и постои заинтересираност од двете страни за започнување соработка.

Вардар не ја стартуваше на посакуван начин новата сезона во Првата лига, има само седум освоени бода од можни 15 и веќе доцни големи осум бода зад лидерот и најголем конкурент за титулата, Шкендија.

Аргентинецот Кристијан Фабијани замина по неуспехот на европската сцена, а на стартот од првенството тимот го предводеше Матија Мирков. Сепак, јасно е дека на Вардар му е потребна цврста рака и искусен тренер кој би можел да го извлече максимумот од фудбалерите.

Миодраг Божовиќ е реномирано тренерско име, во кариерата предводел многу клубови, Црвена Звезда, Локомотив Москва, Динамо Москва, Амкар Перм, Нефчи, Будуќност, а последно беше на клупата на Естеглал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови