Министерството за спорт јавно го осуди скандалозното однесување на навивачите и фудбалерите на Шкендија на синоќешното финале од Купот против Силекс.
Навивачите на Шкендија искажаа максимална непочит за македонската химна, а фудбалерите на овој тим одбија да ги примат сребрените медали наменети за поразениот во финалната битка.
Во соопштението на Министерството за спорт, се вели:
„Министерството за спорт најостро ги осудува свирежите на националната химна од страна на навивачите на Шкендија, но уште повеќе нè загрижува однесувањето на играчите кои одбија да ги примат медалите по завршувањето на натпреварот.
Во последниов период имаше повеќе настани што доаѓаат од повеќе страни (спортски работници, фудбалери, навивачи, клубови) кои штетат на угледот на федерациите, државата и, крајно на спортот, наспроти она што треба да претставува спортот!
Би сакале да ја известиме јавноста, но и сите страни кои се вклучени директно или индиректно во клубовите, дека Министерството за спорт пристапува кон разгледување на можноста за измени во Законот за спорт со кои ќе ги прошириме ингеренциите на државата со цел ваквите појави да бидат сериозно санкционирани.
Казните ќе бидат во делот на добивањето државна помош, а во крајна линија ќе се предвиди и постапка за одземање на решенијата за дејност спорт, со што ќе се губи правото на настап во националното првенство.
Воедно, ја повикуваме и Фудбалската федерација на Македонија да го промени својот правилник кој би бил многу поригорозен во санкционирањето на нарушувања од секаков вид.
Согласно сите меѓународни правни инструменти за што сите земји во светот имаат постигнато општ консензус, ваквите и слични девијантни појави не смеат да бидат секојдневие во спортот, вклучително и во македонскиот спорт и во таа насока, Министерството за спорт ќе направи сè за да ги заштити националните интереси и интересите на спортот.
Сите, без исклучок, мора да ги почитуваат правилата пропишани со меѓународните конвенции и останатите меѓународни акти кои се однесуваат на спортот, правилата на државите кои спортот го уредиле да функционира во една легална рамка со сите елементи на државноста и, секако, правилата на националните спортски федерации кои го спроведуваат националниот систем на натпревари!”
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













