Connect with us

Милован Рајевац повторно ќе биде селектор на Гана

Српскиот фудбалски стратег Милован Рајевац се враќа на местото на успехот. Како што пренесува порталот „Ганасокер“, Рајевац е новиот селектор на репрезентацијата на Гана. Тој ја водеше оваа селекција од 2008 до 2010 година, кога ги одведе до четвртфиналето на Светското првенство.


Таа година беа блиску до историски пласман во полуфиналето, како прва репрезентација од Африка, но Асамо Гијан промаши пенал за победа против Уругвај.

По одличната епизода на африканскиот континент, Рајевац работеше во Ал Ахли, ја водеше репрезентацијата на Катар, го презеде Рудар Велење, како и репрезентациите на Алжир и на Тајланд. Од 2019 година, тој е без ангажман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови