По натпревар исполнет со емоции и симболика, тренерот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, не можеше да ги сокрие чувствата на прес-конференцијата по хуманитарниот дуел со Вардар, кој заврши со победа на неговиот тим од 1-3.
Но резултатот, како што самиот рече, беше најмалку важен.
„Прво, од срце изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на сите што ги загубија своите најблиски во трагедијата во Кочани. Овој натпревар беше наш мал придонес, надеж дека барем малку ќе ја олесниме нивната болка,“ – започна Милојевиќ со трепет во гласот.
Особено емотивно зборуваше за арената „Тодор Проески“, која, како што нагласи, носи име на неговиот омилен пејач.
„Да се вратиме овде по три децении, на овој прекрасен стадион кој го носи името на Тоше – личност која ми значи многу – беше нешто посебно. Голема благодарност до Илија Најдоски и Дарко Панчев за иницијативата, до клубот што веднаш прифати, и до сите луѓе кои го направија ова возможно.“
Милојевиќ не ја заборави ниту атмосферата.
„Им благодарам на сите навивачи кои беа тука. Вардаровите фанови направија прекрасна атмосфера – со љубов, со страст, со поддршка. Нашите ‘Делии’ како секогаш беа со нас. Тоа се моменти кога фудбалот ги надминува резултатите и бодовите. Секако, ние сме Црвена Звезда и секогаш играме на победа, но ова беше многу повеќе од фудбал.“
На крај, со надеж во гласот:
„Искрено се надевам дека следниот пат кога ќе се сретнеме со Вардар, ќе биде за повод што ќе слави живот, спорт и пријателство.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













