Фудбалерот на Јувентус, Аркадиуш Милик, денес го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2027 година.
„Јувентус објавува дека постигна договор за продолжување на договорот со Аркадиуш Милик до 30 јуни 2027 година“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.
Милик (31) пристигна во Јувентус како позајмен играч од Марсеј во 2022 година, а торинскиот клуб го откупи неговиот договор во јуни 2023 година.
Полскиот напаѓач има постигнато 17 голови на вкупно 75 натпревари за Јувентус, но оваа сезона сè уште нема забележано настап поради повреда.
Потписот на Милик дополнително ги засили гласините дека српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ќе го напушти Торино на крајот од сезоната, кога ќе влезе во последната година од договорот.
„Бјанконерите“ не смеат да си дозволат да го загубат српскиот напаѓач без надомест во летото 2026 година, па така бројни италијански медиуми и новинари уверуваат дека Влаховиќ ќе замине од Јуве по три и пол години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













