Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година несреќно загуби од Шпанија на арена „Тодор Проески“ и пропушти можност да се искачи на второто место во квалификациската група за ЕП. Македонските фудбалери не реализираа пенал во финишот за да стигнат до реми, шпанскиот голман Хозеп Мартинез го одбрани ударот од белата точка на Димитар Митревски во 88.минута. Само пет минути претходно, Хуго Дуро реализираше пенал за Шпанија со „црвената фурија“ и стигна до триумф.
„Горд сум на момците. Покажаа дека можат да се носат и со најдобрите, одиграа квалитетно против една Шпанија. Покажаа дека имаат квалитет и дека можат во најмала рака да бидат конкурентни во европски рамки. Загубивме, не реализиравме пенал. Но, можеме да бидеме задоволни од тоа како се носевме со големиот ривал. Попуштивме пред крајот, дел од фудбалерите немаат никаква минутажа, тие што влегоа мора да покажат повеќе на следните натпревари. Сега останува да се кренеме и да продолжиме напред, да се подготвиме за Фарски Острови. Веќе нема слаби репрезентации во Европа, тоа најдобро го покажаа со нивниот триумф над Израел дома“, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













