Младата фудналска репрезентација на Македонија до 21 година ги започна подготовките за натпреварот против Израел на гостински терен на 12. ноември, претпоследен од квалификациите за Европското првенство.
Селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски на првиот тренинг ги имаше на располагање фудбалерите од домашниот шампионат, а од интернационалците тренингот го одработија Дарко Чурлинов од Штутгарт и Ердон Даци од турски Коњаспор.
Вечерва во тимската база пристигнуваат Бојан Миовски, Давор Здравковски, Есмин Личина, Јани Атанасов, Тодор Тодоровсски, Томче Гроздановски и Марко Ѓоргиевски.
Агрон Руфати, Давид Тошевски и Димитар Митровски во текот на утрешниот ден ќе се приклучат на репрезентативните обврски.
Македонската репрезентација до 21 година е на второто место во групата 6 од квалификациите за ЕП со 14 бода. Израел има 12 на третото место, Шпанија е прва со 22. Црна Гора е петта со седум освоени бодови, зад Казахстан со 10. Последен е Фарски Острови со шест бодови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













