Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, направи две промени во составот во однос на претходниот дуел со Лихтенштајн во Вадуц. Во стартните единаесетмина влегоа Бојан Илиевски и Тихомир Костадинов.
Сега ќе одиграме од стартот малку поповлечена варијанта, па меѓу стартерите ги нема Дарко Чурлинов и Александар Трајковски.
Столе Димитриевски е на голот, во одбраната се Серафимов, Зајков и Муслиу, а по страничните позиции ќе играат Илиевски и Алиоски. Во средниот ред, Алими, Барди и Костадинов, а во нападот Бојан Миовски, со поддршка од Елиф Елмас.

-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













