Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го освои второто место на табелата, но новиот протокол на УЕФА го скрати задоволството преку бараж да се бори за пласман на ЕП. Селекторот Благоја Милевски е задоволен од оствареното и преку официјалниот сајт на ФФМ се обрати до сите кои беа дел од успехот.
„Драги наши фудбалери, членови на стручниот штаб, драги луѓе во Фудбалската федерација на Македонија,
Чувствувам потреба да упатам благодарност кон сите што бевте дел од квалификациите за Европското првенство 2021.
Сите Вие имате заслуга за успехот што го направивме. Од срце Ви благодарам.
Кај мене постои и револт и горчина заради начинот на кој нѐ ни дозволија да се бориме и да бидеме заедно до крај, но наша заедничка победа е тоа што сте и одважни и храбри и со квалитет на нивото на најдобрите во Европа. БлаТоа се особини на кои укажував и тоа сте вие.
Од нашиот прв собир во Анталија, па се до последниот натпревар против Црна Гора созреавте како личности и како фудбалери, а според она што го прикажавте на терен, стигнавте на нивото кое го посакував. И не застануваме тука. Имаме време и простор за напредок.
Многу научив и се уште учам и од вас. Ми беше задоволство да работам со личности и фудбалери како вас. Бидете и остенете луѓе какви што сте. Потрудете се да напредувате како фудбалери.
Би сакал, исто така да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија, до претседателот Сејдини, Управниот одбор и службите во федерацијата. Оваа репрезентација ги имаше сите барани услови за работа, а тоа е многу важно за остварување на резултат на ниво на најдобрите во Европа. Посебно се заблагодарувам за трите чартер летови кои ни ги обезбедивте и дадовте придонес да освоиме седум од можните девет бодови на крајот од квалификациите.
Се надевам дека во иднина само ќе ја надоградуваме заедничката соработка. Ви посакувам добро здравје на сите“, се обрати селекторот на младиот национален тим до 21 година, Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













