Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир пред стартот на септемврискиот квалификациски прозорец за Светското првенство.
Селекторот Благоја Милевски го собра националниот тим, прво за пријателскиот дуел против Саудиска Арабија, кој ќе се игра на 4 септември во Прага, а три дена подоцна следува и квалификацискиот меч против Лихтенштајн на Арената „Тодор Проески“.

Нови имиња во репрезентацијата се Елмин Растодер од Тун и Решат Рамадани од Шкендија, а во текот на денот репрезентацијата треба да се комплетира. За попладне е закажан и првиот тренинг.

По четири одиграни кола, Македонија се наоѓа на врвот на табелата со осум бодови, што ја остава во одлична позиција за успешен пласман во оваа мундијалска кампања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













