Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2023 година. Избраниците на селекторот Благоја Милевски се во група со селекциите на Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и со Ерменија.
Групата е тешка, но Македонија ќе се бори за да оствари успех.
„Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора, Израел и Казахстан. Ерменија е исто така незгоден противник. Едноставно, нема лесен противник, но ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат. Со сите репрезентации во групата имаме меѓусебни натпревари, но ова се нови генерации и нови фудбалери. Би било добро квалификациите да ги започнеме од септември, од причина што немаме ниту еден собир со новата генерација. Распоредот ќе го решаваме заеднички, но би сакал да одработиме барем два собири со неколку контролни натпревари пред официјално да го започнеме новиот квалификациски циклус“, изјави селекторот Благоја Милевски за официјалниот сајт на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













