Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски истакна дека може генерално да биде задоволен со четири бода од два натпревари со конкуренти за врвот на табелата, но сепак останува разочараноста што беше пропуштена победа против Казахстан во далеку подобра игра од противникот.
„Може да кажеме дека позитивно е што имаме четири бода од два натпревари против конкуренти за висок пласман на табелата, но останува разочараноста за пропуштената победа против Казахстан. Доминиравме во поголемиот дел од мечот, по 1-0 имавме шанси за зголемена предност но не реализиравме кога требаше. Потоа противникот искористи наше невнимание во одбраната и дојде до предност. Се соочуваме со проблеми поради нестандардноста на дел од репрезентативците во своите екипи, па по два исцрпувачки меча во овој мини-циклус бевме принудени да ги замениме Даци, Митревски, Чурлинов поради исцрпеност…, кои навистина понесоа сериозен товар во овие два натпревари“ – истакна Милевски по денешниот дуел со Казахстанците.
Македонија по три кола е на врвот на табелата во групата со 7 бода од три меча, исто колку и Казахстан но од пет одиграни натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













