Фудбалската репрезентација на Македонија во јуни ќе има нов голем предизвик во квалификациите за ЕВРо 2024. Селекторот Благоја Милевски повика 29 фудбалери на списокот, а меѓу нив дебитант е Сефер Емини.
Видливо е дека недостигаат Бојан Миовски, кој е повреден, и Дарко Чурлинов, кој има здравствени проблеми и е хоспитализиран, а во составот има неколку фудбалери кои и не е во најдобар натпреварувачки ритам
„Да зборуваме за натпреварувачката форма сега е неблагодарно. Овојпат морам да погазам и дел од моите принципи што ги воведов, дека во А-тимот ќе бидат повикани тие што играат во клуовите и се во најдобра форма. Сепак, во овој момент, со такви принципи, би останале без тим и околу 70 отсто од фудбалерите не би добиле повик. Но, Македонија нема огромен фонд на квалитетни фудбалери, нема да се жалиме и да кукаме, а речиси постојано сме некомплетни, мислам дека во две години само еднаш бевме сите, на баражот со Португалија. Се надевам дека сите ќе бидат здрави и способни да се стават во функција на тимот, а на повредените им посакувам побрзо да оздрават“, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski