Милан приреди пресврт на „Сан Сиро“, славејќи победа од 2-1 над Комо во 29. коло од Серија А, и покрај раната негатива.
„Росонерите“ се најдоа во незавидна положба откако Лукас Да Куња го доведе Комо во водство со маестрален гол во првото полувреме. Ситуацијата можеше да стане уште потешка за Милан на стартот од вториот дел, но вториот погодок на гостите беше поништен поради офсајд. Тоа беше сигнал за домаќините да го сменат пристапот и да ја преземат контролата.
Кристијан Пулишиќ во 53. минута донесе израмнување, а конечниот удар за пресврт го зададе Тиџани Рајндерс во 75. минута, носејќи голема радост на трибините.
Комо се обиде да одговори, но остана со играч помалку кога Деле Али, само девет минути по неговото деби, заработи црвен картон. Милан можеше да стигне и до поубедлив триумф, но гостите успеаја да се одбранат во завршницата.
Со оваа победа, Милан сега има 47 бода и се искачи на седмата позиција, додека Комо со 29 бода останува на 13. место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













