Италијанскиот калчолигаш Милан е во трка за „скудетото“, но раководството на клубот размислува и за засилувањата што треба да пристигнат по завршувањето на сезоната. „Росонерите“ се во потрага по квалитетен напаѓач кој може да биде долгорочна замена за Златан Ибрахимовиќ, а изборот падна на ѕвездата ана Ајакс, Себастијан Халер, пренесува „Газета дело Спорт“.
Халер игра фантастична сезона во Ајакс, на 38 натпревари постигна 33 гола, а во групната фаза од Лигата на шампиони беше стрелец на 10 гола.
Милан стапил во контакт со неговиот агент и е подготвен да понуди 45 милиони евра за неговиот потпис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













