Милан продолжува да бара офанзивен играч за врска, откако пропадна обидот за ангажман на грчкиот репрезентативец Константинос Карецас. Осумнаесетгодишниот талент на Генк реши кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд, па „росонерите“ веќе разгледуваат нови опции.
На врвот на листата со желби се наоѓа Брахим Дијаз, иако шансите Реал Мадрид да се откаже од него во моментов се мали. Мароканскиот репрезентативец веќе настапуваше за Милан како позајмен фудбалер во периодот од 2020 до 2023 година и остави одличен впечаток на „Сан Сиро“.
Интерес за 27-годишниот офанзивец покажуваше и Јувентус, но торинскиот клуб во меѓувреме го обезбеди потписот на Керим Алајбеговиќ од Баер Леверкузен.
Според „Кориере дела Сера“, на списокот на Милан се наоѓаат и младиот талент на Арсенал, Итан Нванери, како и Матијас Суле од Рома.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













