Connect with us

Милан Ристовски стрелец за Бохемијанс во Чешка (ВИДЕО)

По Елмин Растодер и Бојан Миовски, денеска списокот на македонски стрелци ширум Европа го дополни и Милан Ристовски во Чешка, постигнувајќи прв клупски гол по пауза од речиси четири месеци.

Во натпреварот против Пардубице, Ристовски влезе во игра во 76. минута, заменувајќи го Кадлец, кога неговиот тим веќе заостануваше со 2-0. Македонскиот напаѓач успеа да го ублажи поразот со голот во првата минута од судиското продолжение.

Ова беше втор погодок за Ристовски во тековната сезона во чешкото првенство, откако претходно се запиша во стрелците кон крајот на септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови