Раководството на Милан подготвува нов, значително подобрен договор за младиот напаѓач Алфаџо Сисе, кој импресионираше со настапите на стартот од сезоната. Според угледниот италијански весник „Газета дело Спорт“, официјалните преговори меѓу клубот и претставниците на 19-годишниот фудбалер би можеле да започнат уште кон крајот на следната недела.
Сисе беше херој на Милан во четвртокот вечерта, кога постигна хет-трик во убедливата победа од 4-0 против Салцбург во Лигата на Европа. Со овој учинок го доби признанието за играч на натпреварот, а испиша и историја како најмладиот Италијанец што постигнал три гола на еден меч во главните европски клупски натпреварувања.
Младиот напаѓач досега има пет погодоци на првите седум натпревари за „росонерите“, со што го привлече вниманието на клупското раководство.
Милан ги обезбеди неговите услуги од Верона на самиот крај од јануарскиот преоден рок претходно оваа година. Сисе потоа ја заврши сезоната како позајмен фудбалер во Катanzаро, каде што постигна шест гола на 22 настапи во Серија Б, потврдувајќи дека станува збор за голем потенцијал.
Неговиот актуелен договор со миланскиот гигант важи до летото 2030 година, а според информациите заработува околу 800.000 евра по сезона. Сепак, по брзата адаптација и одличните настапи, Милан сака значително да ги подобри финансиските услови на младиот напаѓач.
Целта на раководството е преговорите да завршат успешно пред крајот на календарската година, со што клубот би ја наградил неговата досегашна форма и би ја осигурал неговата иднина на „Сан Сиро“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













