Милан се соочи со голем проблем откако се повреди нивниот нов напаѓач Никлас Фулкруг, кој во клубот пристигна во зимскиот преоден рок како позајмен фудбалер од Вест Хем. Германскиот интернационалец го скрши прстот на ногата на натпреварот против Фиорентина, што претставува сериозен удар за екипата.
Според првичните проценки, Фулкруг ќе отсуствува најмалку две недели. Повредата се случи по директен дуел на неговиот трет натпревар за „росонерите“.
Тренерот Масимилијано Алегри му укажа доверба во стартниот тим на неговиот втор настап, но оваа несреќа повторно го врати Милан на почетните проблеми во офанзивата.
Фулкруг беше донесен како конкретно и физички силно решение за шпицот на нападот, а за кратко време покажа дека може да биде важен фактор во играта. Создаваше шанси и добро соработуваше со офанзивците. Наместо стабилизација на нападот, Милан сега повторно ќе мора да се потпира на привремени решенија во клучниот дел од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













