Со приближувањето на крајот на сезоната, Милан интензивно работи на зајакнување на тимот, при што приоритет е ангажманот на врвен напаѓач. Иако Душан Влаховиќ е на врвот на листата на желби, неговата цена претставува пречка, па „росонерите“ се насочуваат кон алтернативни решенија.
Речиси сигурно е дека Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус во текот на летото. Договорот на српскиот напаѓач истекува, а на маса веќе има неколку примамливи понуди. Според информациите, најконкретната доаѓа од Барселона, која го гледа како идеална замена за Роберт Левандовски и е подготвена да му понуди плата од 12 милиони евра годишно – колку што моментално заработува во Торино.
Иако Милан покажа интерес за Влаховиќ, клубот од „Сан Сиро“ не е во можност да се натпреварува со вакви финансиски услови. Поради тоа, раководството на клубот го активираше „план Б“.
Алтернативното решение е токму Роберт Левандовски, кој на крајот од сезоната би можел да ја напушти Барселона. Иако тренерот Макс Алегри инсистира на ангажман на Влаховиќ, доаѓањето на полскиот ветеран во Милан изгледа како пореална опција.
Се смета дека Левандовски, и покрај тоа што има 37 години, може да го донесе потребното искуство и голгетерски квалитет на тимот кој бара класична „деветка“. Во текот на својата импресивна кариера, настапувајќи за Прушков, Лех, Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона, Левандовски има постигнато 652 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













