Италијанскиот гигант Милан откако го ангажира хрватскиот капитен Лука Модриќ и репрезентативецот на „аѕурите“, Самуеле Рили, сега се соочува со важна задача поврзана со нивниот најдобар фудбалер, Рафаел Леао.
Европскиот шампион ПСЖ почнал да се интересира за португалскиот репрезентативец, чиј договор со „росонерите“ важи до јуни 2028 година. Милан нема намера да го продаде Леао, туку сака да му понуди нов и подобрен договор со кој ќе го обезбеди неговото останување на „Сан Сиро“, пренесуваат италијанските медиуми.
Леао годишно заработува околу 9 милиони евра со бонуси, а преговорите за нов договор ќе ги води спортскиот директор Игли Таре.
Португалскиот крилен напаѓач дојде во Милан пред шест години од францускиот Лил за сума од 50 милиони евра, а досега на 260 натпревари за „росонерите“ постигна 70 голови и забележа 62 асистенции.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













