Фудбалерите на Милан ја совладаа екипата на Верона на „Сан Сиро“ со 3-0 во натпревар од 17. коло на италијанската Серија А.
Тимот на Масимилијано Алегри ја оправда фаворитската улога, иако речиси во текот на целото прво полувреме мака мачеше да го скрши отпорот на гостите.
Првиот дел од натпреварот мина без многу возбудувања, „росонерите“ не успеваа да пронајдат решение во нападот сè до судиското продолжение.
Во 45.минута, корнер од десната страна изведе Модриќ, по што Рабио со глава ја пренасочи топката до Кристијан Пулишиќ, кој инстинктивно реагираше и ја затресе мрежата на немоќниот Монтипо.
Тоа очигледно го охрабри домаќинот да продолжи во ист ритам и во второто полувреме, кое практично започна со прекршок на Нелсон, кој направи пенал над Кристофер Нкунку.
Французинот беше прецизен од белата точка во 48. минута, а само четири минути подоцна го искористи одбиениот удар по одличниот шут на Модриќ и го постави конечниот резултат.
Нкунку на тој начин постигна гол во Серија А по повеќе од три месеци.
Со денешната победа Милан привремено ја презеде првата позиција на табелата во Серија А со 35 бодови, два помалку има Интер, кој вечерва во Бергамо ќе игра против Аталанта.
Верона останува во зоната за испаѓање, на 18. место со 12 бодови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













