Милан би можел да приреди вистинска трансфер-бомба ова лето, откако на раководството на „росонерите“ им било понудено името на англискиот репрезентативец Фил Фоден како можна замена за Рафаел Леао.
Според информациите на „СпортМедиасет“, фудбалски посредник го понудил офанзивецот на Манчестер Сити на неколку европски великани, меѓу кои е и Милан, а италијанскиот клуб сериозно ја разгледува можноста да го реализира трансферот.
Фоден зад себе има разочарувачка сезона, а односите со Манчестер Сити наводно значително се влошиле. Иако неговиот договор е со важност до летото 2027 година, англискиот репрезентативец, според истите извори, нема намера да потпише нова соработка.
„Граѓаните“ наводно бараат меѓу 50 и 60 милиони евра за неговите услуги, сума која Милан верува дека би можел целосно да ја обезбеди преку очекуваната продажба на Рафаел Леао.
Португалскиот офанзивец е еден од најбараните фудбалери на европскиот пазар, а во Милано се надеваат дека за негов трансфер ќе инкасираат сума слична на онаа што би ја платиле за Фоден.
Дополнителен фактор што ја прави оваа операција реална е фактот што двајцата фудбалери имаат речиси идентични примања – околу седум до седум и пол милиони евра по сезона, што значи дека евентуалната размена не би претставувала значителен финансиски товар за Милан
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













