Connect with us

Милан ја одби понудата на Фенербахче за Рафаел Леао

Милан ја одбил понудата на Фенербахче за ангажман на крилниот напаѓач Рафаел Леао.

Понудата на турскиот гигант била за едногодишна позајмица со опција за откуп во вредност од 40 милиони евра. Сепак, „росонерите“ немаат намера да го испратат португалскиот репрезентативец на позајмица под такви услови и би прифатиле само целосен трансфер или позајмица со задолжителен откуп.

Покрај тоа, Милан бара најмалку 50 милиони евра за својата ѕвезда. Иако првата понуда е одбиена, преговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а не е исклучено Фенербахче наскоро да испрати подобрена понуда.

Во меѓувреме, според „Скај Спорт“, сè поголеми се шансите Леао и следната сезона да остане на „Сан Сиро“, и покрај тоа што и играчот и клубот претходно беа наклонети кон разделба.

Причината е што засега нема конкретни понуди од други заинтересирани клубови, а до затворањето на летниот преоден рок останува помалку од еден месец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови