Connect with us

Милан има „дил“ со Рубен Аморим

Милан го избра својот нов предводник. Според информациите на познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо, Рубен Аморим постигнал договор со „росонерите“ и наскоро ќе биде промовиран за нов тренер на италијанскиот великан.

Португалскиот стратег ќе потпише договор до 2028 година, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. За Аморим ова претставува нов предизвик и враќање на тренерската сцена по неуспешната епизода во Манчестер Јунајтед, каде што доби отказ на почетокот од годинава.

Пред ангажманот на „Олд Трафорд“, Аморим изгради репутација како еден од најперспективните европски тренери, водејќи го Спортинг Лисабон до значајни успеси во португалскиот фудбал. Сепак, очекувањата во Манчестер не беа исполнети и неговиот престој таму заврши многу побрзо од предвиденото.

Во Милан тој ќе го наследи Масимилијано Алегри, со јасна задача повторно да го издигне клубот меѓу водечките сили во Италија. „Росонерите“ минатата сезона не успеаја да обезбедат место во Лигата на шампионите, па во новата сезона ќе настапуваат во Лигата на Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови