Connect with us

Милан едвај спаси бод на гостувањето кај Фиорентина (ВИДЕО)

Милан продолжи со испуштање бодови во Серија А, откако попладнево едвај извлече реми кај Фиорентина (1-1) во 20. коло, натпревар што ќе се памети и по повредата на Страхиња Павловиќ.

Првото полувреме беше исполнето со шанси за „росонерите“, пред сè преку Кристијан Пулишиќ, кој не успеа да го совлада Давид де Хеа.

Во второто полувреме, Фиорентина поведе со голот на Пјетро Комуцо во 66. минута, додека Милан претрпе нов удар – Страхиња Павловиќ мораше да го напушти теренот по еден воздушен дуел.

Сепак, во последните моменти, Кристофер Нкунку донесе израмнување во 90. минута по асистенција на Јусуф Фофана, обезбедувајќи бод за „росонерите“. Во надополнувањето на времето, Милан имаше шанси за три бода, но Брешанини погоди статива, а Мајк Мењан имаше одлична интервенција против Кен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови