Connect with us

Милан е заинтересиран за Леандро Паредес

Италијанскиот гигант Милан покажал сериозен интерес за аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес, пренесуваат медиуми од Италија и Аргентина. „Росонерите“ веќе стапиле во контакт во врска со можен трансфер на искусниот играч за врска.

Паредес е дел од Бока Јуниорс, а претходно настапуваше за Јувентус за ПСЖ.

Според информациите, Милан веќе воспоставил контакт со аргентинскиот клуб околу евентуален трансфер.

Паредес има богато европско искуство и во текот на кариерата настапуваше за повеќе познати клубови, меѓу кои Рома, Јувентус, Пари Сен Жермен, Зенит, Емполи и Киево.

За репрезентацијата на Аргентина има одиграно 84 натпревари и постигнато пет гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови