Михајло Мудрик повторно има зелено светло за настапи, откако Светската антидопинг агенција (WADA) и Фудбалската асоцијација на Англија ја затворија постапката што се водеше против украинскиот репрезентативец.
Причината за ваквиот епилог се измените во техничкиот документ на WADA, според кои концентрацијата на „мелдониум“ пронајдена во примерокот на крилниот напаѓач денес повеќе не претставува прекршување на антидопинг правилата.
„Господинот Мудрик повеќе не е суспендиран и може веднаш да се врати на натпреварите“, соопштија од Фудбалската асоцијација на Англија.
Последниот натпревар на Мудрик во дресот на Челси беше на 28 ноември 2024 година, кога лондонскиот клуб со 2-0 го совлада Хајденхајм во Конференциската лига. Неколку дена подоцна остана на клупата против Астон Вила, а потоа целосно исчезна од составот. Тогашниот менаџер Енцо Мареска неговото отсуство го објаснуваше со здравствени проблеми.
На 17 декември 2024 година ФА му изрече привремена суспензија по позитивен рутински тест на урина, додека официјалното обвинение беше поднесено во јуни 2025 година.
Од Челси не го криеја задоволството што случајот конечно доби разрешница.
„Ова беше исклучително тежок период за Миша, и професионално и приватно. Среќни сме што случајот е завршен и што веднаш може да му се врати на фудбалот“, порачаа од клубот.
Украинскиот офанзивец пристигна на „Стемфорд бриџ“ во јануари 2023 година од Шахтјор Доњецк во трансфер вреден 70 милиони евра, а со бонусите сумата може да достигне речиси 100 милиони евра. Неговиот договор со Челси е со важност до 2031 година, а според најавите, веќе во недела ќе отпатува за Хонг Конг, каде повторно ќе му се приклучи на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













