Connect with us

Михаил Маневски го продолжи договорот со Вардар до 2028 година

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја стартува 2026 година на лидерската позиција, а планот е да ја задржи до крајот на шампионатот, во битката за титулата. Токму поради тоа, со отворањето на зимскиот преоден рок, раководството на клубот ќе се обиде да ги обнови договорите со дел од клучните играчи во тимот.

Михаил Маневски, левиот бек кој имаше одлична есен, се согласи да потпише нов договор со Вардар. Според новите услови, тој се обврза на верност до јуни 2028 година.

Претходно, истото го стори и Аргентинецот Диего Кастањеда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови