Connect with us

Мичел е новиот тренер на Ајакс

Ајакс официјално го потврди назначувањето на Мичел за нов шеф на стручниот штаб на тимот. Клубот од Амстердам беше во потрага по постојан тренер по заминувањето на Џон Хејтинга минатата сезона. Во меѓувреме, екипата беше предводена од Фред Грим и Оскар Гарсија, сè додека раководството не ја донесе конечната одлука.

Жорди Кројф успеа да го ангажира посакуваниот стратег, а Мичел потпиша договор до летото 2028 година.

Последниот ангажман на Мичел беше во Џирона, но тој го напушти клубот на крајот од сезоната по испаѓањето на тимот од Ла Лига. Претходно, во 2024 година, го предводеше клубот до историски пласман во Лигата на шампионите, откако сезоната ја заврши на третото место на табелата.

Ајакс имаше разочарувачка сезона, но сепак обезбеди настап во Конференциската лига. Во клубот се надеваат дека под водство на Мичел тимот ќе успее да се доближи до нивото на ПСВ Ајндховен и повторно да се вклучи во трката за шампионската титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови