Напаѓачот на Интер Мајами и аргентинската репрезентација, Лионел Меси, ја прокоментира својата повреда, поради која нема да биде дел од националниот тим за претстојните натпревари. На него му е дијагностицирана повреда на адукторот на бутниот мускул.
На 22 март светските шампиони ќе играат квалификациски натпревар против Уругвај, а на 26 март против Бразил.
„Многу ми е жал што ќе морам да ги пропуштам важните натпревари против Уругвај и Бразил. Навистина сакав да играм, но поради мала повреда нема да можам да отпатувам. Ќе го поддржувам тимот, како секој аргентински навивач. Напред, Аргентина!“, напиша Меси на социјалните мрежи.
Од почетокот на новата сезона во МЛС – лигата, 37-годишниот фудбалер одигра пет натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и забележа две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













