Connect with us

Меси скршен од болка – ја прекина кариерата по смртта на својот татко

Лионел Меси поминува низ еден од најтешките периоди во својот живот. По смртта на неговиот татко Хорхе, аргентинската фудбалска легенда решил целосно да ги стави фудбалските обврски во втор план и да остане со своето семејство во Розарио.

Хорхе Меси почина на 68-годишна возраст во клиника во Росарио по долго и тешко боледување. Неговата смрт особено тешко го погодила Лионел, кој со својот татко имаше исклучително блиска врска.

Хорхе беше еден од најважните луѓе во кариерата на Меси. Уште од времето во Њуелс Олд Бојс, па сè до преселбата во Шпанија, тој постојано беше покрај својот син и му помагаше да го направи првиот чекор кон остварување на големиот фудбалски сон.

По трагичната вест, Меси веднаш ги прекина сите професионални обврски во Интер Мајами и отпатува во Аргентина за да биде со семејството.

По погребот, ѕвездата одлучи да остане во Розарио и да им биде поддршка на своите најблиски. Во моментов не постои одреден датум за неговото враќање на терените.

Според „Добле Амарила“, Меси во овој момент не размислува за фудбалот, туку целосно се посветил на семејството и на периодот на жалост.

Информациите на „АС“ дополнително потврдуваат дека Интер Мајами му дал целосна дозвола на својот капитен да отсуствува од тимот на неопределено време.

Останува неизвесно кога Меси повторно ќе го облече дресот на Интер Мајами, но во овој момент фудбалот е во втор план. За аргентинската легенда, семејството е единствениот приоритет.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови