Connect with us

Меси се разигра, Барселона го победи Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Барселона го освои Билбао и се искачи на третото место на табелата во Ла Лига со 31 бод, седум помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој има одиграно и два меча помалку. Лионел Меси се разигра, а тогаш противниците и немаат голема шанса за успех.

Ињаки Вилијамс на самиот старт го доведе Атлетик Билбао, но брзо возврати младиот Педри. Потоа Лионел Меси се погрижи и за целосен пресврт до полувремето, а во вториот дел уште еднаш ја затресе мрежата на домаќинот. Во судиското продолжение Атлетик Билбао стигна и до втор гол преку Икер Муниаин, но не успеа да стигне и до бод.
       

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови