Connect with us

Меси: Овој тим на Аргентина може да прави „луди работи“

Лионел Меси не го криеше задоволството по драматичната победа на Аргентина од 3-2 против Египет во осминафиналето на Светското првенство 2026. Капитенот на „гаучосите“ ги сподели своите емоции по неверојатниот пресврт, откако неговата селекција успеа да се врати од негатива од два гола.

„Искрено, пресреќен сум што се пласиравме во четвртфиналето, особено ако се земе предвид начинот на кој го направивме тоа. При 0-2 беше навистина многу тешко. Прекрасно е чувството кога ќе се вратиш во натпреварот. Повторно ни беше исклучително тешко, но ова е Светско првенство. Секој натпревар е ваков, сите репрезентации се квалитетни и рамноправни. Навистина сум многу среќен“, изјави Меси.

Аргентинскиот капитен истакна дека неговиот тим уште еднаш покажал победнички карактер.

„Ова беше големо олеснување за сите, ако се знае како се одвиваше натпреварот. Не е лесно да губиш со 0-2, но, како што секогаш велам, оваа репрезентација никогаш не се предава и се бори до последната секунда“, нагласи Меси.

Тој се осврна и на пресвртот што го комплетираше Аргентина во второто полувреме.

„Имавме среќа што Кристијан Ромеро постигна гол додека сè уште имаше доволно време за игра, а потоа успеавме да направиме целосен пресврт уште во регуларниот дел. Тоа што го прикажа тимот денес беше неверојатно. Многу ми е драго што навивачите ќе продолжат да уживаат во нашата игра. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и во следните натпревари“, порача Меси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови