Connect with us

Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!

Лионел Меси е во очите на цела Аргентина во големото финале против Шпанија, но неговиот старт на натпреварот беше далеку од очекуваниот. Имено, аргентинскиот волшебник беше речиси целосно отсечен од играта во првите минути.

​Официјалната статистика на „Опта“ открива неверојатен податок: Меси во првите 15 минути имал само еден единствен допир со топката, и тоа при почетниот удар од центарот!

Ова е првпат во неговата кариера да забележи ваков негативен рекорд.

​До крајот на првиот дел, Меси собра скромни 15 допири, а полош од него беше само Хулијан Алварез со осум.

Оваа отсеченост на нападот резултираше со бледа игра на „гаучосите“, кои во првите 45 минути не упатија ниту еден удар кон голот, додека Шпанците се заканија трипати (двапати во рамките на голот).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови