Connect with us

Меси: Не се гледам како тренер, но би сакал да бидам сопственик на фудбалски клуб

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, откри како ја замислува својата иднина по завршувањето на фудбалската кариера. Аргентинската ѕвезда уште еднаш потенцираше дека не планира да стане тренер откако ќе се повлече од терените.

„Не се гледам себеси како тренер. Ако веќе треба да издвојам нешто, повеќе би сакал да бидам сопственик. Да имам свој клуб, да го градам од почеток, да им давам можност на луѓето да напредуваат и да создадат нешто значајно. Така ја замислувам мојата улога“, изјави Меси во интервју.

Меси е член на Интер Мајами од летото 2023 година, а еден од сопствениците на клубот е Дејвид Бекам. Во октомври, Аргентинецот потпиша нов договор со американскиот клуб, со кој треба да остане во Мајами до 2028 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови