Лионел Меси не го криеше задоволството по драматичната победа на Аргентина над Англија (2-1) и пласманот во финалето на Светското првенство. Капитенот на „гаучосите“ забележа две асистенции во полуфиналето, а в недела ќе има можност да ја предводи Аргентина до втора последователна светска титула во финалето против Шпанија.
„Овој тим може да постигне сè кога е заедно. Овие момци се навистина нешто посебно. Иако беше само фудбалски натпревар, уште од моментот кога ја слушнавме химната почувствувавме дека ова ќе биде нешто поинакво. Ова не беше само уште една победа – аргентинскиот народ очајно ја посакуваше“, изјави Меси.
Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ порача дека Аргентина заслужено го носи статусот на најдобра репрезентација во светот.
„Ова Светско првенство е навистина лудо. Неверојатно е што повторно сме во финале. Во последните четири години сме најдобриот тим во светот, без разлика дали тоа им се допаѓа на луѓето или не, и без разлика што зборуваат другите. Тој статус го заслуживме со напорна работа. Никој ништо не ни подарил.“
Меси истакна дека критиките не го интересираат.
„Нека зборуваат што сакаат. Ние се натпреваруваме, се бориме и играме фудбал. Денес покажавме како се победува – доминиравме против Англија иако губевме. Горд сум што повторно ги израдувавме сите Аргентинци.“
Аргентинската ѕвезда откри дека подготовките за Мундијалот ги започнал многу рано.
„За ова Светско првенство се подготвував речиси една година. Декември го минав во Аргентина, тренирав наутро и попладне, затоа што знаев дека ќе дадам сè од себе за да бидам во најдобра можна форма.“
Меси ја посвети победата и на легендарниот Диего Марадона.
„Сигурен сум дека Диего ужива во сето ова од небото. Оваа победа е и за него, затоа што овој ден секогаш имаше посебно значење. Среќен сум што можев да му подарам уште една причина за радост и се надевам дека горе слави на свој начин. Имавме среќа што живеевме во ерата на Диего. Никогаш не сакав да се споредувам со него и знам дека ме сакаше. Ќе ги чувам сите прекрасни моменти што ги споделивме заедно“, порача капитенот на Аргентина.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













