Connect with us

Меси ќе игра за Интер Мајами? На крајот, сопругата Антонела го бира следниот клуб

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси одлучил да ја продолжи кариерата во американскиот Интер Мајами. Иако е сѐ уште неофицијално, сепак, одлуката ја донела неговата сопруга Антонела Рокуцо.


„Меси ги одби големите пари што можеше да ги заработи со приклучување во клуб од Саудиска Арабија. Тој нема намера да се врати во Барселона. Меси реши сѐ со Интер Мајами и ќе игра за американскиот клуб“, тврди добро информираниот новинар Ернан Кастилјо.

Двата најголеми спонзори на Мејџор Сокер Лигата, Адидас и Епл, се подготвени да помогнат во финансирањето на договорот на суперѕвездата доколку тој навистина ја прифати понудата од клубот чиј ко-сопственик е англиската легенда Дејвид Бекам.

Раководството на францускиот шампион Пари Сен Жермен пред неколку дена соопшти дека Меси ќе си замине на крајот од актуелната сезона.

Светскиот шампион со Аргентина им се приклучи на парижаните во летото 2021 година. За ПСЖ одигра 74 натпревари и забележа 32 гола и 35 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови