Интер Мајами повторно остана без победа, иако Лионел Меси уште еднаш беше во центарот на вниманието. Тимот од Флорида одигра 2-2 против лидерот во Источната конференција, Нешвил, во натпревар со драматична завршница.
Меси постигна гол, имаше асистенција, но пропушти и огромна шанса во финишот со која можеше да му ја обезбеди победата на својот тим. Наместо три бода, Интер Мајами мораше да се задоволи со уште едно реми, трето во низа во МЛС.
Нешвил одлично го започна натпреварот и поведе уште во 4. минута преку Сем Сариџ. Домаќините брзо возвратија, а во 19. минута стигнаа до израмнување. По нафрлувањето на Меси од корнер, Рид Бејкер-Вајтинг несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа.
По паузата, аргентинскиот мајстор најпрво ја погоди пречката, а потоа сепак успеа да се запише во листата на стрелците. Во 62. минута, по одличната асистенција од Родриго де Пол, Меси прецизно шутираше од работ на шеснаесетникот и донесе водство од 2-1 за Интер Мајами.
MESSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSI 😱🐐 pic.twitter.com/FPBVx1LWu8
— Messi World (@M10GOAT) September 13, 2026
Домаќините имаа сè во свои раце, а во 89. минута ја пропуштија најголемата шанса за победа. По одличен контранапад „тројца на еден“, топката стигна до Меси, кој го мина голманот, но не успеа да ја испрати во мрежата.
И веднаш стигна казната.
Во судиското надополнување, Сариџ повторно беше на вистинското место и по една одбиена топка од непосредна близина го постигна својот втор гол за конечни 2-2.
Така, Меси стигна до 19. погодок сезонава, но Интер Мајами повторно не успеа да го претвори неговиот учинок во победа. Разликата меѓу двата тима остана девет бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













