Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го промени својот изглед, што привлече големо внимание од медиумите и навивачите.
Шпанската „Марка“ ја сподели веста за новата фризура на Меси, што предизвика лавина коментари од фановите и љубителите на фудбалот.
Како што може да се види, Меси се одлучил за малку необична фризура со патец, а фотографијата е направена во еден ресторан во Мајами, каде што бил во друштво со неколку обожувателки.
Реакциите, како што се очекуваше, беа поделени, а кај многумина на социјалните мрежи оваа ненадејна промена на имиџот на Меси предизвика насмевки.
Неодамна започна новата сезона во МЛС лигата, а Меси во првиот натпревар за Интер Мајами забележа две асистенции против Њујорк Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













