Актуелниот светски шампион Аргентина со убедлива победа ги заокружи подготовките за претстојното Светско првенство, совладувајќи го Исланд со 3-0 на контролниот натпревар одигран во Обрн.
Најголемата добивка за селекторот и навивачите на „гаучосите“ беше враќањето на Лионел Меси на теренот. Капитенот доби шанса во последните дваесетина минути и покажа дека е подготвен за настап на мундијалот.
Аргентина рано дојде до предност преку Валентино Барса, кој погоди во осмата минута. По влегувањето на Меси во 72. минута беше досуден пенал за Аргентина, а искусниот напаѓач сигурно реализираше за 2-0. Конечниот резултат го постави Тијаго Алмада со погодок во 86. минута.
Аргентинската репрезентација ќе настапува во групата Ј на Светското првенство, а првиот предизвик ја очекува на 17 јуни, кога ќе се соочи со Алжир.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













