Connect with us

Меси донесе нова победа за Интер Мајами

Интер Мајами оствари тешка победа од 2-3 на гостувањето кај Колорадо рапидс во осмото коло од МЛС лигата. Голем херој за гостите беше Лионел Меси, кој ги постигна првиот и последниот гол на натпреварот и одигра клучна улога во победата на својот тим.

Аргентинецот го отвори резултатот од пенал во 18. минута, а потоа во 45. минута Херман Бертераме ја зголеми предноста. Сепак, домаќините се вратија во игра благодарение на головите на Рафаел Наваро во 58. и Дарен Јапи во 62. минута.


Меси, сепак, му ја донесе победата на тимот од Мајами со својот втор гол во 79. минута.

Во финишот, Интер Мајами остана со играч помалку поради црвен картон на Брајт.

И покрај тоа, тимот од Мајами ја задржа предноста и со 15 бодови се наоѓа на второто место во Источната конференција, додека Колорадо Рапидс е на шестата позиција на Запад.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови