Интер Мајами, кој оваа сезона привлекува внимание со имиња како Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба, доживеа тежок пораз од Минесота Јунајтед со резултат 1-4 во натпревар од американската МЛС лига.
Минесота започна силно и уште во првите 45 минути стекна значајна предност со головите на Бонгокуле Хлонгване и Антони Марканич. Почетокот на второто полувреме донесе брз одговор од Интер Мајами – Лионел Меси намали на 2-1 по прецизна асистенција од Жорди Алба, но надежта за камбек брзо беше уништена.
Наместо израмнување, следуваа два гола на спротивната страна – автогол на Марсело Вајганд и погодок на финскиот интернационалец Робин Лод, со што Минесота го завери убедливиот триумф.
По оваа рунда, Интер Мајами се наоѓа на четвртата позиција во Источната конференција со 21 бод, додека Минесота се проби до петтото место на Западот со вкупно 22 бодови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













