Connect with us

Меси даде два гола и постави нов рекорд за Интер Мајами (ВИДЕО)

Лионел Меси повторно беше во центарот на вниманието, постигнувајќи два гола во победата на Интер Мајами од 4-2 над Атлетико Сан Луис во првиот натпревар од групната фаза на Купот на лигите.

Со новите два погодоци, аргентинскиот ас стигна до рекордни 14 голови и стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување, во кое учествуваат клубови од МЛС и мексиканската Лига. Меси веќе еднаш го освои трофејот со Интер Мајами, и тоа во 2023 година, само неколку недели по неговото пристигнување во клубот.

Гостите од Мексико поведоа уште во четвртата минута преку Давид Родригез, но Интер Мајами брзо возврати. Меси израмни по одличното нафрлување на Ноа Ален од левата страна.

До крајот на првото полувреме домаќините целосно го свртеа резултатот. Теласко Сеговија погоди за 2-1 во 26. минута, а Меси непосредно пред паузата со силен удар под пречката го зголеми водството. Во судиското продолжение на првиот дел, Микаел ја затресе мрежата за 4-1 по асистенција на Меси.

Во второто полувреме Рафа Јоренте го ублажи поразот на Атлетико Сан Луис, поставувајќи ги конечните 4-2.

Во останатите натпревари од Купот на лигите, Орландо Сити славеше со 1-2 на гостувањето кај Монтереј, а меѓу стрелците беше и Антоан Гризман. Далас го совлада Керетаро со 2-0, Леон со минимални 1-0 победи на теренот на Нешвил, додека Толука убедливо го надигра Сиетл Саундерс со 3-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови