Интер Мајами претрпе пораз од 1-2 против тимот на Нешвил во вториот натпревар од серијата во првото коло од плејофот на Источната конференција во МЛС лигата.
„Чапљите“ го добија првиот меч, што значи дека серијата сега е израмнета на 1-1 во победи и сè ќе се решава во третиот натпревар.
Пред една година, Меси и неговите соиграчи беа елиминирани од плејофот по идентично сценарио — ја добија првата средба против Атланта Јунајтед, но потоа претрпеа два пораза и ја напуштија натпреварувачката фаза уште на првото скалило. Тоа доведе до оставка на тогашниот тренер Тата Мартино, кој беше заменет со сегашниот стратег Хавиер Маскерано.
Маскерано започна со сите ѕвезди од славната Барселона од минатото десетлетие: Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Во составот беше и засилувањето од летниот трансфер-период, Родриго де Пол.
Сепак, силниот почетен состав не беше доволен за добар старт на тимот. Гостите направија прекршок за пенал уште на самиот почеток. Сам Суриџ ја презеде одговорноста и погоди за водство на Нешвил во деветтата минута.
До крајот на првото полувреме, домаќините успеаја да постигнат и втор гол преку Џош Бауер во 45. минута.
Во вториот дел, Родриго де Пол асистираше за погодок на Меси, кој се запиша во листата на стрелци по третпат од почетокот на плејофот. Сепак, тоа беше сè што успеаја да направат гостите — немаа сили да израмнат и да го однесат мечот до пенали.
Третиот и одлучувачки натпревар од серијата ќе се одигра на 8 ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













