Наполи води со 1-0 против Калјари по првото полувреме на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во последното коло од Серија А, а херојот на домаќините е – Скот Мектоминеј!
Фудбалерот на шкотската репрезентација постигна спектакуларен гол со ножички во 42. минута, оставајќи го голманот на Калјари без шанси. Со ова Наполи е само 45 минути оддалечен од освојување на Скудетото.
🚨🇮🇹 GOAL | Napoli 1-0 Cagliari | Scott McTominay
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) May 23, 2025
WHAT A FANTASTIC GOAL FROM SCOTT MCTOMINAY !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/y458V8ihmh
Во исто време, Интер води со 0-1 на гости против Комо, благодарение на погодокот на Стефан де Фрај во 20-тата минута. Домаќините се во големи проблеми, откако голманот, ветеранот Пепе Реина доби директен црвен картон во својот последен натпревар во кариерата.
Напнатата завршница на сезоната ветува драма – дали Наполи ќе ја одбрани предноста и ќе ја освои титулата?
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Шпанците се први финалисти на Мундијалот (ВИДЕО)













