Connect with us

Мексиканецот Кињонес го постигна првиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

Репрезентацијата на ко-домаќинот Мексико прва постигна гол на Мундијалот и стгна до водство на натпреварот против Јужна Африка. Легендарниот стадион „Ацтека“ еруптираше од воодушевување во деветтата минута, кога Хулијан Кињонес ја искористи големата грешка во одбраната на африканската селекција и ја затресе мрежата за водство од 1-0.

Иако Јужноафриканците имаа поголем посед на топката во воведниот дел од средбата, една невнимателност во последната линија им овозможи на домаќините да дојдат до рана предност и дополнително да ја разгорат атмосферата на трибините.

Мексико можеше да поведе и неколку минути претходно, но голманот на гостите одлично реагираше по ударот на Раул Хименез и спречи уште порано да биде отворен резултатот. Сепак, во деветтата минута немаше спас за Јужна Африка, а Кињонес се погрижи домаќините да го направат првиот голем чекор кон победата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови