Манчестер Јунајтед освои само бод во дуелот со ВБА (1-1) и направи уште еден чекор назад во трката за шампионската титула. Во 61. минута се случи спорен момент, капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, падна во шеснаесетникот на противникот, судијата покажа пенал, но по консултацијата со ВАР собата ја промени одлуката.
„Сигурен бев дека е пенал. Откако другите почнаа да зборуваат дека добиваме пенали, не ни досудија ниту еден пенал. Противникот ме влечеше и паднав. Имаше минимален контакт, но беше пенал. Сега е јасно дека се носат одлуки против Манчестер Јунајтед, но мораме да продолжиме напред“, изјави Мегваер.
Манчестер Јунајтед сега има седум бода негатива во однос на градскиот ривал Манчестер Сити, а лидерот има и еден одигран меч помалку.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













